Претставници на тур операторот Thomas Cook Group во Македонија

15

Претставници на најголемиот и најстар тур оператор во светот Thomas Cook Group од Англија од вчера се во постета на Македонија, соопштија од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), пишува Миа.

Директорот на Агенцијата Кристијан Џамбазовски на средбата со директорот на Thomas Cook во седиштето на комапнијата во Англија, Тим Џотс, на која присуствувале и менаџерите на компанијата за Германија и за Белгија, Феликс Хортолами и Стефан Џоли, му ги презентирал условите кои ги нуди Владата за субвенционирање на туризмот како и инвестирањето во маркетинг кој е исплатлив за Македонија.

“Охрабрени од резултатите и статистичките податоци за раст на бројот на странски туристи оваа сезона, која е во полн ек, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот континуирано работи на отварање нови туристички пазари. Агенцијата ќе продолжи и понатаму да ја дава потребната поддршка на странски тур оператори преку доделување на субвенции за странски туристички промет во државата“, се истакнува во соопштението од Агенцијата.

Агенцијата ќе организира бизнис состаноци со туристичкото стопанство од Македонија, тур оператори, хотелијери, асоцијации и комори за туризам, а гостите ќе бидат и во неколкудневна посета на Охрид, пришто ќе им се претстави туристичкиот производ од Македонија и потенцијалот со кој располага земјата како сеуште неоткриена европска туристичка дестинација.

Од АППТ велат дека со проектите на Владата кои се во фаза на реализација како и со новопредвидени проекти се цели кон создавање услови за унапредување на туристичкиот производ и значително збогатување на понудата на туристички содржини.