Превезени патници и стоки во четвртото тримесечје од 2020 година

17

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2020 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 692.000, во градско-приградскиот превоз 9.312.000, во железничкиот превоз 64.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 149.536.

Во четвртото тримесечје од 2020 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2019 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 6,8%, во железничкиот превоз е намаленo за 8,7%, додека во воздухопловниот превоз е намаленo за 5,3%.

Фото: Pexels