Превезени патници и стоки во последното тримесечје од 2016 година

43

sediste-vo-prazen-avtobus-pexels

Фото: Pexels

Во четвртото тримесечје од 2016 година, во однос на истото тримесечје од 2015 година, во патниот патнички превоз, бројот на превезените патници е намален за 5,2%, во градско – приградскиот превоз за 8,4%, во железничкиот превоз за 54%, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 9,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во однос на третото тримесечје од 2016 година, бројот на превезените патници во градско – приградскиот превоз е зголемен за 28,3%, во патничкиот превоз е намален за 1,7%, во железничкиот превоз за 1,8%, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 28%.

Во четвртото тримесечје од 2016 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2015 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 9,1%, во железничкиот превоз е намалено за 2,1%, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 7,8%.

Во однос на третото тримесечје од 2016 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 36,7%, во воздухопловниот превоз за 14%, додека во железничкиот превоз е зголемено за 5,6%.