Превезени патници и стоки во последното тримесечје од минатата година

20

Фото: Pixabay

Во патниот патнички превоз, во четвртото тримесечје од 2018 година, во однос на истиот период лани, бројот на превезените патници е зголемен за 12,4%, во градско-приградскиот превоз за 1,4%, во железничкиот превоз е намален за 3,5%, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 8,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во однос на третото тримесечје од 2018 година, бројот на превезените патници во патничкиот превоз е намален за 1,7%, во градско-приградскиот превоз е зголемен за 29,2%, во железничкиот превоз за 10,5%, додека во воздухопловниот превоз е намален 33,1%.

Во четвртото тримесечје од 2018 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2017 година, количеството на превезена стока во товарниот патен превоз е зголемено за 21,7%, во железничкиот превоз е намалено за 25,9%, додека во воздухопловниот превоз е зголемено за 8%.

Во однос на третото тримесечје од 2018 година, количеството на превезена стока во товарниот патен превоз е намалено за 9,7%, во железничкиот превоз за 27,1%, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 31,4%.