Превезени патници и стоки во третото тримесечје од 2018 година

Фото: Pixabay

Во третото тримесечје од 2018 година, во однос на истото тримесечје од 2017 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е зголемен за 3,8%, во градско – приградскиот превоз е намален за 0,6%, во железничкиот превоз за 1,6%, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 14,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во однос на второто тримесечје од 2018 година, бројот на превезените патници во патничкиот превоз е зголемен за 0,3%, во градско – приградскиот превоз е намален за 20,5%, во железничкиот превоз за 16,2%, додека во воздухопловниот превоз е зголемен за 31,7%.

Во третото тримесечје од 2018 година, во споредба со третото тримесечје од 2017 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 2,2%, во воздухопловниот превоз за 68,5%, додека во железничкиот превоз е зголемено за 20,9%.

Во однос на второто тримесечје од 2018 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 16,1%, во воздухопловниот превоз е зголемено за 67,9%, додека во железничкиот превоз е намалено за 9,1%.