Превезени патници и стоки во второто тримесечје од 2017 година

9

voz-pixabay

Фото: Pixabay

Во второто тримесечје од 2017 година, во однос на истото тримесечје од 2016 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е зголемен за 13,6%, во градско – приградскиот превоз за 9,6%, во воздухопловниот превоз за 5,7%, додека бројот на превезените патници во железничкиот превоз е намален за 23,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во однос на првото тримесечје од 2017 година бројот на превезените патници во патничкиот превоз е зголемен за 21,5%, во градско – приградскиот превоз за 4,8%, во железничкиот превоз за 27,5%, додека во воздухопловниот превоз е зголемен 33%.

Во второто тримесечје од 2017 година, во споредба со второто тримесечје од 2016 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 45,7%, во воздухопловниот превоз за 17,4%, додека во железничкиот превоз е зголемено за 85,5%.

Во однос на првото тримесечје од 2017 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 53,2%, во воздухопловниот превоз за 32%, додека во железничкиот превоз е зголемено за 51,8%.