Презентација на Порталот за Е-набавки на ЕБОР

22

Стопанската комора на Македонија во соработка со Европската банка за обнова и развој и BIP Solutions, а со поддршка на АД Мепсо, денеска ќе го презентира воведувањето на Порталот за Е-набавки на ЕБОР (ECEPP), пишува Миа.

Целта на презентацијата, која за прв пат се одржува со добавувачи, е да се воведат потенцијалните добавувачи со набавките на ЕБОР во целина, посебно на ново развиениот ЕБОР Портал на клиенти за набавки, именуван како ECEPP.

Присутните ќе можат да се информираат за придобивката како да се регистрираат бесплатно на порталот ECEPP за online тендери за стоки, работи и услуги во рамки на проекти финансирани од ЕБОР, а ќе се направи и демонстрација на новата ECEPP платформа, како и на упатството за начинот на регистрација.