Презентација на Редовниот економски извештај за Југоисточна Европа на Светска банка

15

Светска банка организира презентација на осмото издание од серијата извештаи за состојбата на економиите во Југоисточна Европа (ЈИЕ6: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија).

Регионалниот извештајот ќе го претстави Галина Андронова Винчелете, главен економист на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија и коавтор на извештајот, преку видео линк, кој ќе биде обезбеден со канцелариите на Светска банка во ЈИЕ6 земјите преку кој, освен Винчелете, ќе биде овозможено на прашања да одговараат и економисти од Светска банка за наведените земји.

Во Скопје, извештајот ќе го претстават Горан Тињиќ, в.д. директор и Бојан Шимбов, економист од Канцеларијата во Светска банка.

Настанот ќе се одржи на 28 септември (понеделник) во 11:30 часот во просториите на канцеларијата на Светска банка во Скопје.