Презентирање на Funderbeam на петти јуни во Скопје

38

Фото: Facebook

Crowdfunding платформата Funderbeam ќе биде претставена на отворен настан на петти јуни во Public room со почеток од 15 часот, информираат од Македонска берза.

“Со оглед на воспоставената соработка помеѓу Funderbeam SEE и Maкедонска берза оваа crowdfunding платформа, преку која се поврзуваат компаниите кои сакаат да приберат финансиски средства и инвеститорите кои бараат можности за вложување во компаниите во ран развој, станува полесно достапна и на македонскиот пазар. Учесниците на настанот ќе имаат можност подетално да се запознаат за начинот на функционирање на оваа платформа, а воедно да ги слушнат искуствата од Хрватска“, велат од Македонска берза.

На настанот ќе учествуваат: Ивана Гажиќ, претседател на Управниот одбор на Загрепска берза, Дамир Бичаниќ, директор на FUnderbeam SEE и Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза.