Приходите од туризам годинава би можеле да пораснат за 50%

33

И покрај пандемијата и големиот пад на туризмот во 2020 година, како и продолжување на негативните трендови на почетокот на оваа година, светски туристички аналитичари предвидуваат закрепнување на пазарот со можно зголемување на глобалните приходи за околу 50%.

Се предвидува дека до 2023 година, туристичкиот пазар би требало да закрепне од кризата, но под услови оваа година пандемијата да се стави под силна контрола, на што би требало да влијание вакцинацијата, поради што има простор за оптимизам.

“Милијарди луѓе низ целиот свет, нивниот живот и работа во 2020 година беа погодени од пандемијата, но вакцината сепак дава надеж. Доколку работите се одвиваат според планот, глобалниот пазар на патувања и туризмот би можеле целосно да закрепнат до 2023 година и да постигнат рекордни бројки“, сметаат аналитичарите.

Се предвидува дека оваа година, на глобално ниво приходите би се зголемиле за околу 50%, во споредба со 2020 година, а во 2025 година би можеле да пораснат за повеќе од 20% во однос на рекордите поставени во 2019 година.

Фото: Freepik