Прилеп домаќин на светската автомобилска и авионска индустрија

39

mikrosam

Компанијата Микросам АД, од денеска (четврти) до шести ноември, во Прилеп ќе биде домаќин на вториот семинар на тема Автоматизација во композитното производство, кој заедно со Институтот за современи композити и роботика (СКР) за прв пат го организираа во 2012 година.

На семинарот учесниците и предавачите ќе бидат претставници од Русија, Италија, Германија, Унгарија од водечки компании во авионската и автомобилската индустрија.

Овој меѓународен семинар е единствен од ваков тип во државава и пошироко, кој покрај врвни предавачи кои теоретски ги покриваат светските трендови во композитната индустрија и роботиката, ќе понуди практичен дел кој вклучува демонстрација на најсовремените технологии за процесирање на композитни материјали и производство на композитни делови – автоматско намотување на композити на резервоари под висок притисок (тип 4 – најсовремените резервоари во светот) и комплексни делови кои како крајни производи се најдуваат меѓу вселенските структури, автоматско сечење на препрег и автоматско полагање на влакна и лента.

Последните две технологии се оние со кои Микросам ја издвојува Македонија меѓу единствените четири земји во светот кои ја имаат развиено оваа технологија.

IMG_1562