Прилеп ќе добие аквапарк до јули

4

До јули годинава Прилеп ќе добие аква парк, за што се во тек градежни активности. Лоциран е во хотелскиот комплекс Салида на излезот од градот до патот Прилеп – Битола.
Аква паркот, што ќе биде на површина од околу 5.000 метри квадратни, е дел од приватната инвестиција од над 100.000 евра во рамки на комплексот Салида.
“Целта е да ги привлечеме посетителите. Таков забавен центар во Прилеп моментно нема. Ќе има повеќе содржини – тобогани, водопади. Очекуваме гости од другите градови, пошироко и од странство. Планираме да се зголеми хотелиерството уште со нов ресторан и очекуваме од 20.000 до 30.000 посетители”, вели Ице Георгиески, инвеститор и хотелиер.
Аква паркот е веднаш до комплексот Парк на револуцијата.