Приватна фирма ги купува сите .org домени на интернет

110

Приватната компанија Ethos Capital ја купува фирмата што ги поседува сите .org домени на интернет. Ethos, којашто е основана во мај годинава, се очекува дека ќе ја комплетира аквизицијата на Public Interest Registry (PIR) во првата половина од 2020 година.

Непрофитните организации коишто најмногу работат со тој домен се во паника поради купувањето, што го поттикна потпишувањето на петиција со којашто сакаат да се запре зделката. Тие веруваат дека овој потег ќе донесе цензура и поголеми цени.

Моментално има околу 10 милиони .org домени на интернет, пишува CNN.

PIR е создаден во 2002 година од страна на непрофитна организација Internet Society. Идејата зад креирањето на истата беше да има една единствена организација којашто ќе го менаџира .org доменот.

Фото: Pixabay