Продаден остров за шест милиони долари, купувачот го видел само на снимка

107

Приватен остров во Ирска со три плажи и седум куќи продаден е за 6,3 милиони долари, а анонимниот купувач не го ни посетил, пренесува CNN.

Horse Island, остров со површина од 15 хектари, којшто се наоѓа северозападно од копнениот дел на Ирска, продаден е по преговори кои се одвивале преку социјалната мрежа WhatsApp.

Анонимниот купувач од Европа пред да го купи островот го видел само на снимка.

Островот има три плажи, приватно пристаниште, хелиодром, тениски терен, теретана, една главна куќа со површина од 4.500 метри квадратни и неколку викендички кои гледаат на Атлантски океан.

Агентите за недвижнини тврдат дека за време на пандемијата од коронавирус се принудени на клиентите да им понудат виртуелно разгледување. Велат дека продажбата на овој остров укажува на сè повеќе застапениот тренд меѓу богатите луѓе кои среде пандемијата ги прекинаа патувањата за одмор и купуваат приватни острови.

Фото: Pixabay