Милијардерот Ричард Брансон продава удел во компанијата Virgin Galactic со цел да собере 500 милиони долари за да спаси други делови од својата империја, вклучувајќи ја и авиокомпанијата Virgin Atlantic, пренесува BBC.
Брансон претходно беше критикуван бидејќи бараше државна помош од британската влада за спас на својата авиокомпанија, но сега продава удел во својата компанија за истражување на вселената.
Virgin Atlantic соопшти минатата недела дека ќе отпушти 3.000 работници.
Авиоиндустријата е една од најпогодените од пандемијата на коронавирус, а глобалните патувања се преполовени.
Инаку, пред три месеци компанијата на Брансон продаваше карти за вселенски туризам.
Во февруари од компанијата најавија дека двојно ќе го зголеми бројот билети за заинтересираните патници. Меѓу познатите кои купиле билет беа Леонардо Ди Каприо и Џастин Бибер.
Фото: Facebook











