Продажни цени на индустриски производи на домашен пазар во декември

32

industriski-strafovi-pixabay

Фото: Pixabay

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во декември лани, се пониски за 0,2% на месечно ниво, а повисоки за 1,4% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во декември 2017, во споредба со ноември 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 0,4%, Капитални производи за 0,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1%.

Во декември 2017, во споредба со декември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 5,6%, Капитални производи за 3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9%.