Продажни цени на индустриски производи на домашен пазар

37

lageri-pixabay

Фото: Pixabay

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашен пазар, во ноември оваа година, се пониски за 0,2% на месечно ниво, а повисоки за 1,6% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во ноември 2017, во споредба со октомври 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 1,1% и Капитални производи за 0,2%.

Во ноември 2017, во споредба со ноември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 5,7%, Капитални производи за 3,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2%.