Продажни цени на индустриските производи во мај

10

industriski-proizvodi-pixabay

Фото: Pixabay

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во мај оваа година, се пониски за 0,4% на месечно ниво, а повисоки за 3,2% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во мај 2017, во споредба со април 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0,3%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,3%.

Во мај 2017, во споредба со мај 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 19,2%, во секторот Преработувачка индустрија за 2% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,3%.