Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар повисоки

12

g_rastСпоред податоците што денес ги објави Државниот завод за статистика, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во декември 2012 се повисоки за 0,2% на месечно ниво и за 5,3% на годишно ниво.

Во однос на ноември минатата година, во декември 2012 продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата енергија за 0,8%.

Во однос пак на декември 2011 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата енергија за 11,4%, во групата трајни производи за широка потрошувачка за 3% и во групата нетрајни производи за широка потрошувачка за 2%.