Продолжи тргувањето на берзата

41

Од Македонска берза известуваат дека тргувањето продолжи во 11:26 часот, откако претходно беше прекинато на еден час.

“Ве известуваме дека согласно член 58а од Правилата за тргување на Берзата беше прекинато тргувањето на Берзата во 10:25:45 часот во времетраење од 60 минути. Тргувањето продолжи во 11:26 часот. Официјализација на денот на тргување ќе биде во 14:30 часот“, соопштуваат од Македонска берза.

“Ако вредноста на индексот МБИ10 падне или порасне за повеќе од 70% од максималната можна дневна промена на индексот во однос на неговата вредност на крајот од претходниот ден на тргување, имајќи ги предвид статичките лимити на цените на елементите на индексот пропишани во член 55 од овие Правила, Берзата ќе го прекине тргувањето на сите пазари на следниот начин: – доколку наведената состојба се случи до 11:45 часот, прекинот ќе трае 60 минути, – доколку наведената состојба се случи во или после 11:45 часот, прекинот ќе трае 30 минути“, стои во членот 58 а од Правилата за тргување на берзата.