Продолжува растот на биткоинот, но експертите предупредуваат на еден детаљ

116

Најпопуларната криптовалута во светот – биткоин, утрово повторно се приближи до магичната граница од 50.000 долари.

Во последните 24 часа, биткоинот забележа раст од околу 5%, а најголема вредност имаше синоќа, околу еден часот по полноќ, кога цената беше 50.076 долари. Оттогаш се движи претежно на ниво од 49.000 долари, што е нешто повеќе од вчера.

Минатата недела, биткоинот и скоро сите други дигитални валути претрпеа одредена корекција. Претходниот викенд, тој достигна рекордна вредност од 58.000 долари.

Трговците и експертите за крипто пазарот исто така потсетуваат дека март е традиционално најлош месец за криптовалутите. Беа забележани слаби резултати од 2015 до 2018 година, како и во 2020 година, со падови од 15 до 60%.

Фото: Pixabay