Професија на иднината: Чекаат во ред и за тоа добиваат плата

29

apple-store-campers

Технологијата и маркетингот меѓусебно се следат во чекор. Како технологијата бележи напредок, така и маркетингот развива алатки и механизми за зголемена продажба. Доказ за тоа се и таканаречените “чекачи“ во ред, кои удобно се сместија пред продавницата на Apple со цел меѓу првите да го купат новиот модел iPhone 6. Но, тоа не го прават за себе, туку за луѓе кои се подготвени да им платат за услугата.

Џејсон и Мун Реј од Тексас дојдоа во Њујорк за да заработат на таков начин. Тие веќе неколку дена чекаат во ред за новиот iPhone 6, што вчера беше претставен на долгоочекуваниот настан во Сан Франциско.

Џејсон работи како консултант во старт – ап компанијата Video Medicine, која ги поврзува докторите и пациентите преку телефон. Оваа старт – ап компанија сака брачната двојка Реј да бидат во првите редови за новиот iPhone, пред се, за поголем публицитет. Од компанијата им одобриле 2.500 долари за оние кои биле побрзи и веќе зафатиле ред во чекањето.

Со себе носат и шатор, вреќи за спиење и соларни плочи преку кои ги полнат своите мобилни телефони. Еден од оние кои ваквите настани ги користат за заработка е и Џозеф Круз, кој ја работи оваа “работа“ шест години по ред. Круз заедно со неговиот братучед Брајан Сибало пред продавницата на Apple пристигнаа на 31 август. Освен стандардната опрема за кампување тие носат маици спонзорирани од компанија Buy Back World, интернет продавница за електроника. Оваа компанија им ги плаќа трошоците за храна и кампување во траење од три недели.