Прогласени најдобрите ресторани од кампањата Недела на храна #СкопјеГурман

94

grouper_pobednici_nedela_na_hrana

Компанијата за е-трговија, Grouper.mk, неодамна ја организираше најголемата кампања за ресторани во Македонија која го претвори Скопје во најгурманско место до сега, насловена како Недела на Храна #СкопјеГурман. Во кампањата земаа учество над 60 ресторани кои ги понудија своите специјалитети по промотивни Grouper цени достапни за сите гурмани преку над 100-те објавени зделки.

“Кампањата Недела на Храна #СкопјеГурман ја организираме по трет пат, а секако секоја година се стремиме да биде подобра од претходната. Така, оваа година, покрај најбогата понуда од над 100 гурмански зделки овозможени од над 60 ресторани, организиравме и гласање за избор на најдобрите ресторани од Grouper заедницата во осум категории и фото натпревар за корисниците во соработка со Делимано, преку кој ќе бидат наградени најдобрите 10 фотографии со Делимано подароци. За време на кампањата беа купени над 16.000 купони од страна на над 3.500 корисници. Резултатите и фидбекот од корисниците потврдија дека Недела на храна претставува вистински гурмански водич за скопските локали и можност да се посетат и откријат нови вкусови и ресторани по непобедливи промотивни цени”, вели Нина Ангеловска, генерален менаџер на Grouper.mk

Недела на Храна #СкопјеГурман беше организирана преку седум дневно мени составено од: паста и пица, бургери, скара и специјалитети од месо, десерти, hangover појадок, азиска храна и салати и мезе. Секој ден во текот на неделата на храна беа пласирани бројни зделки во соодветната категорија од различни ресторани. Рокот во кој можеа да се вкусат специјалитетите понудени од различните ресторани траеше повеќе од еден месец, кога сите можеа да се впуштат во дегустации и посета на нови места во градот. Најатрактивната категорија од менито беа бургерите, каде понудата на 15 зделки резултираше во над 4.000 продадени и вкусени бургери. Најпродавана зделка беа ќебапчињата од Тетекс, кои достигнаа 1.169 продажби, односно над 10.000 продадени ќебапчиња за помалку од 10 дена.

За кампањата да биде повозбудлива и рестораните да се натпреваруваат во понудениот квалитет, Grouper.mk организираше гласање на најдоброто од кампањата, при што Grouper заедницата гласаше за најдобриот ресторан во секоја категорија. Победниците беа изненадени со посета на тимот на Grouper и добија официјално признание, кое се надеваме дека ќе ги охрабри да продолжат со добра работа и квалитетна услуга и храна, стои во соопштението.

Ова се победничките ресторани со најголем број гласови одбрани од над 2.000 гласачи :

  • Најдобар бургер – Рок Кафана Рустикана 2.0
  • Најдобра пица – Veneto City Mall
  • Најдобра паста – Кај Џино
  • Најдобра скара – Скопски фенери
  • Најдобар десерт – Радост
  • Најдобра салата – Forza Bar & Restaurant
  • Најдобар појадок – Скопски фенери
  • Најдобар Азиски специјалитет – SushiCo

Наградувањето на гурманите кои се вклучија во Фото Натпреварот од кампањата допрва ќе биде објавено, а можност да се вклучите во истиот имате до 15 јули. Најдобрите и најгурмански фотки ќе бидат наградени со Делимано подароци, соодветни за секој љубител на добра храна. До сега во натпреварот учествуваат над 300 фотогрaфии од вкусните зделки поставени на Instagram и Facebook со хаштагот #СкопјеГурман.