Прогласени најдобрите трговски објекти за оваа година

44

Најдобри трговски објекти 2014 (1)

Признанија во форма на плакета добија најдобрите трговски објекти во седум категории, избрани во рамки на манифестацијата Месец на трговијата. Станува збор за проект на Град Скопје во соработка со Агенцијата SWAT Research, што беше реализиран во текот на месец ноември, информираат од Град Скопје.

Истражувањето се спроведува по пат на т.н. mystery shopping, а тајните купувачи по направената евалуација изготвија извештаи кои се изработени по одредените критериуми, како што се: изгледот и пристапот до објектот, снабденост со стока, аранжирање на просторот, услуга на персоналот, помош при изборот на производот, хигиена пред и во објектот, начинот на плаќање, начинот на истакнување на цените на производите, состојба на опремата и на униформите.

Во рамки на проектот се спроведуваат вкупно 1.000 посети на тајните купувачи и тоа по три посети на еден објект, во сите седум категории трговски објекти, а годинешни добитници по категории се:

Супермаркети: Тинекс, Нова Маркет, Рамстор.

Салони за мебел: Шипад мебел, Лектус Груп, Ников мебел.

Парфимерии и козметика: Бјути поинт, Еликсир ексклузив, Локатин.

Бутици: Спрингфилд, Венис, Атила.

Апарати за домаќинство, бела техника и се за домот: Нептун, Агротехна, Елипсо.

Компјутерска, аудио – видео и телекомуникациска опрема: Нико Компјутери, Анхоч пи си маркет.

Модни додатоци: Сигма, Оксет, Божиновски.

Резултатите од истражувањето секоја година јавно се презентираат пред добитниците и трговците во форма на заклучоци, но и како препораки за во иднина, а врз основа на добиените резултатите од истражувањето, се избираат три најдобри трговски објекти од секоја категорија. Годинава најдобри резултати постигнале парфимериите и продавниците за козметички производи, па веднаш по нив објектите за продажба на мебел, а на последно место според сумирањето на резултатите се наоѓаат супермаркетите.