ПроКредит Холдинг излезе на берзата во Франкфурт

20

prokredit-na-berza-vo-frankfurt

ПроКредит Холдинг АГ & Цо. КГаА (ПроКредит Холдинг), холдинг компанијата на меѓународната групација на банки ПроКредит, од 22-ри декември се наоѓа на регулираниот пазар (Prime Standard) на берзата во Франкфурт (Frankfurter Wertpapierbörse) во Германија, информираат од банката.

Ова, како што се наведува, обележува уште еден чекор понапред во успешниот развој на ПроКредит, од нејзиното основање како банкарска групација во 2003 година. Со ова излегување на берзата во Франкфурт, ПроКредит Холдинг се отвора за инвеститори што можат да се поистоветат со единствениот пристап на групацијата кон банкарството и со етичката корпоративна мисија што ја спроведуваат и одржуваат добро обучени вработени во секоја ПроКредит банка.

Како млада, современа и високо интегрирана банкарска групација која е многу добро воспоставена во банкарските сектори на земјите во развој во кои таа работи, како што стои во соопштението, групацијата ПроКредит верува во економскиот развој, којшто е во согласност со нејзините еколошки и социјални критериуми. Нејзиниот фокус е на Југоисточна и Источна Европа, каде што работи како матична банка за мали и средни претпријатија во регионот. Групацијата придава големо значење на поттикнувањето претприемништво преку соработка со формализирани, прогресивни мали и средни претпријатија што имаат одржливи бизнис модели.

Излегувањето на ПроКредит Холдинг во под – сегментот на (Prime Standard) на берзата во Франкфурт, дополнително ја истакнува посветеноста на ПроКредит на транспарентноста, како вредност на која групацијата е посветена од нејзиното основање и во текот на нејзиниот константно профитабилен развоен пат.

Прифаќањето на ПроКредит Холдинг како член на берзата во Франкфурт, пред сè, е добра вест за малите и средни претпријатија кои се клиенти на ПроКредит банките, бидејќи ова ќе значи многу подобра можност за поддршка на нивниот развој и ширење како резултат на тоа што ПроКредит Холдинг ќе има подобар пристап на пазарот на капитал.