Промет во трговија на мало во април

64

Фото: Pixabay

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во април 2019 година, во споредба со април 2018 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 11,1%, а реално за 7,7%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 5,1%, а реално за 5,5%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 8,1%, а реално за 6,7%).

Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 3,1%, а реално за 6%).