Прометот, трансакциите и пазарната капитализација на берза оваа недела во минус

89

Во период од 16-ти до 20-ти март, прометот на Македонска берза достигна вредност од 7.667.758 евра или 3,51% помалку во однос на минатата недела, покажува Неделниот преглед на берзата.

Пад од 15,57% има кај вкупниот број трансакции (1.247), додека пазарната капитализација се позиционираше на 2.869.281.683 евра што е намалување од 7,41% во споредба со претходната недела. Пазарната капитализација денеска на берзата е 1.539.998.068 евра, односно 26,85% помалку во споредба со минатиот петок.

Индексот МБИ 10 денеска достигна 3.655,25 поени, односно 15,09% помалку од минатиот петок.

Петте најтргувани акции на берзата за оваа недела што веќе изминува се оние на: Комерцијална банка, Алкалоид, НЛБ Банка, Макпетрол и Гранит.

Важно е да се наведе дека тргување на берзата, на два пати, беше прекинато на еден час. Потоа, одборот на директори на берзата донесе одлука за промена на ценовните ограничувања при тргување.