Прометот во индустријата во октомври со пораст од 21,2%

11

Прометот во индустријата во октомври оваа година, во однос на истиот период минатата година, забележа пораст од 21,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во октомври 2014, во однос на октомври
2013 година, бележи пораст од 1%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 28,2%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2014
година, во однос на октомври 2013 година, бележи опаѓање од 15,2%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 23,3%.

Според главните индустриски групи, прометот во октомври 2014 година, во однос на октомври 2013 година, бележи пораст кај Енергија за 196,2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,1%, Капитални производи за 79,5%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 17,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,9%.

Прометот во индустријата во октомври 2014 година, во однос на претходниот месец, бележи пораст од 8,7%, додека во периодот јануари – октомври 2014 година, во однос на периодот јануари – октомври 2013 година, порастот е 14,6%.