Промоција на македонски вина во Њу Џерси

22

Шест винарии од Македонија – Тиквеш, Сковин, Стоби, Бовин, Камник и Попова Кула, денеска во Њу Џерси заеднички ќе го промовираат најдоброто од македонската винска индустрија.

Винарите цела недела, со поддршка на здружението Вина од Македонија, престојуваат во САД, еден од пазарите со најголем потенцијал за македонското вино каде извозот секоја година повеќекратно расте. Тие ги преставија своите производи во еден од елитните ресторани во Њујорк пред увозници, дистибутери, преставници на ХоРеКА сегментот, вински критичари, новинари и сомелиери.

Промовирањето на македонските вина финансиски го овозможи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а организацијата ја помогнаа Конзулатот на Македонија во Њујорк, како и економскиот промотор во Чикаго.