Промоција на Visa деловните картички на Комерцијална банка

62

visa karticki komercijalna

Комерцијална банка нуди нови поволности и промоција на Visa деловните картички.

Од банката на клиентите им порачуваат да го искористат промотивниот период од 15.08. до 30.09. и да аплицираат за Visa Business Debit, Visa Business Revolving или Visa Corporate деловните картички ослободени од членарина за првата година.

Ослободувањето, како што стои во соопштението на Комерцијална банка, важи за правните лица кои прв пат ќе аплицираат за картичка, но и за оние кои веќе се корисници, а ќе аплицираат за нови дополнителни картички за своите вработени.

“За да ја искажеме нашата благодарност до постојните и до новите корисници на овие картички, за првите 100 приватни лица, кои во промотивниот период од 15.08. до 30.09. 2014 ќе направат најмалку 10 трансакции и ќе остварат најмалку над 60.000 денари промет на продажни места, обезбедивме гифт – картичка за трговскиот центар Скопје Сити Мол во вредност од 3.000 денари“, стои во соопштението на Банката.