Промотивна кампања на НЛБ Тутунска банка за MasterCard кредитни картички

27

nlb

НЛБ Тутунска банка во периодот од 19.05.2014 до 30.06.2014 година спроведува промотивна кампања за сите НЛБ MasterCard кредитни картички (MasterCard Standard, MasterCard Light и MasterСard Gold).

Во рамките на кампањата, НЛБ Тутунска банка воведе најниски промотивни каматни стапки за сите плаќања на рати со НЛБ MasterCard картичките направени во промотивниот период.

Промотивната каматна стапка изнесува 3% за плаќања на рати на ПОС терминалите на НЛБ Тутунска банка, односно 6% за плаќања на рати на останати ПОС терминали во земјата и странство.

Во рамките на промотивниот период за сите кои ќе аплицираат за НЛБ MasterCard кредитна картичка, до 30.06.2014 година, картичката ќе ја добијат без членарина за првата година.