Промовирана Nike школата за трчање – Nike + Run Club

22

IMG_5096

Шампионот на Македонија во повеќе атлетски дисциплини, Кокан Ајановски во соработка со Sport Vision (официјален застапник за Nike во Македонија), го промовираше формирањето на Nike школа за трчање (Nike + Run Club).

“Соработката која ја остваривме со најдобриот бренд во светот за спортска опрема Nike, ни овозможува да чекориме напред кон нашата мисија да го промовираме трчањето не само за рекреативците, туку и за спортистите кои ќе одлучат професионално да се занимаваат со овој спорт. Сигурни сме дека новиот генерален спонзор, Nike, со можноста за бесплатни тренинзи за сите кандидати, уште повеќе ќе ги мотивира, инспирира и едуцира љубителите на здравиот и активен начин на живот. Најавените изненадувања од Nike, се уште еден фактор за благодарноста и воодушевувањето со кои му се радуваме на нашиот главен спонзор. Јас цел живот сум спортист, иако професионално во ниту еден спорт не сум се насочил, но по првото учество во полумаратонот навистина го засакав трчањето“, изјави Кокан Ајановски, основач на Nike школата за трчање (Nike + Run Club).

Сите членови на Nike школата за трчање (Nike+ Run Club) добиваат бесплатни групни тренинзи (4 пати неделно). Дополнително секој член ќе има можност да добие своја индивидуална програма за тренинг, како и едукација околу правилната исхрана со мерење на основните телесни параметри за одредување на моменталната форма. Исто така, членовите ќе можат да земат учество во трки на 5 км (2 пати месечно), да се едуцираат за опрема за трчање, да се вклучат во панел дискусија со прашања и одговори за било кои теми поврзани со трчањето како и учество на разни трки.

“Во последната декада, генерално луѓето се сè повеќе свесни за одржувањето на своите здрави навики и активен животен стил, како на глобално ниво така и кај нас. Трчањето веќе е дел од секојдневието на сè поголем број на лица кои се мотивирани да спортуваат и да одвојуваат време за себеси, посебно младите лица – факт кој посебно нè радува. Достапноста на Nike школата за трчање (Nike+ Run Club) кај сите заинтересирани и љубители на спортот и трчањето, ќе воведе нов тренд каде спортувањето ќе стане неминовен дел од дневниот распоред на една индивидуа, која притоа ќе има можност да создаде самодисциплина како и физичка и психичка издржливост,“ изјави Дарко Крстевски, маркетинг менаџер на Sport Vision Macedonia, генерален спонзор на Nike школата за трчање (Nike+ Run Club) и официјален застапник за Nike во Македонија.