Пропадна договор вреден 150 милиони евра – Црна Гора остана без хотел Астон Мартин

73

sv stefan

Пропадна договор тежок 150 милиони евра, кој беше најавен пред пет години и според кој Будва на локалитетот Галија во близина на Свети Стефан требаше да добие прв хотел со седум ѕвезди. Договорот што во 2009 година го потпишаа претставници на Будва холдинг и кувајтската корпорација Инвестмент дар, ќе биде раскинат, пишува Вијести.

Идејата беше кувајтскиот инвеститор, со посредство на својата лондонска подружница DC Invest Limited, на оваа локација да го изгради хотелот Астон Мартин.

“Претпријатието Будва холдинг со компанијата DC Invest limited склучија договор за заедничко инвестирање со цел валоризација на недвижнина во местото Галија. Поради тоа што не дојде до реализација, се предлага раскинување на договорот”, стои во образложението на одлуката на Секретаријатот за заштита на имот.

Кувајтската корпорација, која е сопственик на истоимениот автомобилски бренд, требаше да гради еколошка населба со несекојдневни архитектонски решенија. Будва требаше да добие петтина од профитот, на име на својот удел во земјишниот комплекс. Земјиштето требаше да биде издадено под долгогодишен закуп, а кувајтскиот инвеститор беше подготвен да ги докупи околните парцели.