Втората по големина авиокомпанија во Италија, веднаш зад Alitalia, Air Italy, престанува со работа.
Одлуката ја донеле акционерите во компанијата, односно Alisarda што поседува 51% од акциите и Qatar Airways со удел од 49%.
Летовите на оваа италијанската авиокомпанија, што претходно беше позната под името Meridiana, до 25-ти февруари ќе ги водат други превозници, а летовите по тој датум ќе бидат рефундирани.
Air Italy е најнова во низата европски авиокомпании што пропаѓаат поради силната конкуренција на пазарот. Во 2018-та година пропадна Primera Air, а на почетокот на февруари лани Germania поднесе барање за банкрот, додека во исто време е затворена и Flybmi.
Фото: Twitter