Просечна цена на метар квадратен на стан во 2016 година е 43.091 денари

52

dom-pixabay

Фото: Pixabay

Просечната цена на еден метар квадратен станбена површина во 2016 изнесуваше 43.091 денари, што е за 6,5% помалку во однос на 2015 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во Скопје, просечната цена на еден метар квадратен изнесуваше 50.829 денари, што е за 3,9% помалку во споредба со 2015 година, додека во останатите населени места во државата таа изнесуваше 32.721 денари, што е за 1,6% помалку во споредба со 2015 година.

Што се однесува до просечната цена на еден метар квадратен во второто полугодие од 2016, таа е намалена за 5,9% во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесува 3,8%.

Наведените просечни цени на еден метар квадратен станбена површина се без данок на додадена вредност.