Просечната исплатена нето – плата во јуни изнесува 22.025 денари

14

denariИндексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, изнесува 103.7, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (23,6%), Други услужни дејности (11,5%) и Рударство и вадење на камен (8,6%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (7,0%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (7,0%) и Дејности во врска со недвижен имот (5,0%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2015 изнесува 22.025 денари.

Индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, изнесува 104.0.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (20,5%), Други услужни дејности (11,9%) и Рударство и вадење на камен (8,3%).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (7,1%), Стручни, научни и технички дејности (5,4%) и Дејности во врска со недвижен имот (4,7%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2015 изнесува 32.309 денари.

Во јуни 2015 година, 1,9% од вработените во Република Македонија не примиле плата.