Просечната нето – плата во април изнесува 22.356 денари

1

pariСпоред податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2016 година во однос на април 2015 година, изнесува 102.8.
Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (30,7%), Градежништво (12,7%) и Стручни, научни и технички дејности (12,1%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (35,1%), Стручни, научни и технички дејности (8,8%) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (5,0%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2016 година изнесува 22.356 денари.
Индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, пак, во април 2016 година во однос на април 2015 година, изнесува 102.7.
Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (29,1%), Градежништво (12,9%) и Административни и помошни услужни дејности (11,7%).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (32,9%), Стручни, научни и технички дејности (7,1%) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (3,9%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2016 година изнесува 32.794 денари.
Во април 2016 година, 1,3% од вработените во Република Македонија не зеле плата.