Просечната нето – плата во април изнесува 22.672 денари

35

paricnik

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2017 година, во однос на април 2016 година, изнесува 101.4.

Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (22,4%), Рударство и вадење на камен (14,7%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6,1%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Информации и комуникации (14,4%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4,0%) и Градежништво (3,9%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2017, изнесува 22.672 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април 2017 година, во однос на април 2016 година, изнесува 101.5.

Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (19,7%), Рударство и вадење на камен (12,8%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5,8%).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Информации и комуникации (11,8%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,9%) и Градежништво (3,5%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2017 изнесува 33.296 денари.

Во април 2017 година, 0,9% од вработените во Република Македонија не зеле плата.