Прв пат по 10 години – пад на богатството на милијардерите во светот

26

Најбогатите луѓе на светот малку загубиле од своето богатство, поради геополитички превирања и нестабилност на пазарот на капитал, што се случува прв пат за 10 години, пишува Reuters.

Според истражување на швајцарската UBS и консултантската куќа PwC, богатството на милијардерите лани се намали за 388 милијарди долари на глобално ниво и се позиционираше на 8,53 илјади милијарди долари.

Најмногу се погодени богаташите од Кина, САД и регионот на Азија и Пацификот.

Нето богатството на најбогатите Кинези се намали за 12,8% со што десетици милијардери повеќе ги нема на листите на најбогати.

Фото: Pexels