Магазинот Fortune ја објави годинешната листа 500 Global, на којашто се најдоа најуспешните компании во светот.
Во текот на минатата година, овие компании оствариле приходи од 33,3 илјади милијарди долари и профит од над две илјади милијарди долари. Во овие 500 компании се вработени околу 70 милиони луѓе.
На прво место е американската корпорација Walmart, додека кинеската државна нафтена групација Sinopek е втора. Првата петорка ја заокружуваат: State Grid, China National Petroleum и Royal Dutch Shell.
Меѓу 10-те најуспешни, според Fortune, се и: Saudi Aramco, Volkswagen, BP, Amazon и Toyota Motors.
Walmart веќе 26 години е дел од оваа листа, а овојпат е прва благодарение на тоа што оствари приходи од 523.964.000.000 долари, а профитот се позиционираше на 14.881.000.000 долари или 123,1% повеќе во однос на претходната година.
Во првите 50 места има 12 кинески корпорации, меѓу нив четири банки.
Фото: Freepik