Првпат во историјата – Русија повеќе заработи од извоз на злато одошто на гас

125

Приходите на Русија од извоз на злато првпат ги надминаа приходите од продажба на природен гас, покажуваат податоците од Федералната царинска служба и централната банка на Русија.

Како што пренесува Спутник, руски компании во април и мај продале 65,4 тони злато во вредност од 3,55 милијарди долари. За истиот период, испораката на природен гас на земјата ѝ донесе 2,4 милијарди долари. Тој приход му припаѓа на Gasprom, којшто го има монополот на извоз на суровини што се пренесуваат преку цевковод.

Оваа ситуација, според експертите, се случува за прв пат во историјата на современа Русија.

Фото: Pixabay