Путин: Откажувањето од доларот не е политички инструмент

20

Русија нема корист од откажување од трансакции во долари како политички инструмент, рекол рускиот претседател, Владимир Путин.

Тој додал дека Москва е спремна да ги извршува трансакциите во националната валута и во евра, што е прифатливо особено кога станува збор за плаќање на гас.

“Спремни сме да ја разгледаме можноста за плаќање во национална валута. Со многу земји на овој начин ги вршиме пресметките. Спремни сме да разговараме за трансакции во евра, бидејќи еврото за нас е целосно прифатливо во поглед на плаќања на гас. Тоа е можно и најверојатно така ќе се направи“, рекол Путин, пренесува Спутник.

Тој навел дека ако Америка не ја вреднува својата национална валута како меѓународна резервна валута, а тоа било очигледно бидејќи ја користела како инструмент за конкуренција и политичка борба, што според Путин, му штети на доларот.

Рекол дека валутата не игра пресудна улога во трговските односи меѓу земјите, туку дека е неопходна стабилност, предвидливост и доверливост.

Фото: Pixabay