Работата од дома подолга од онаа во канцеларија

71

По карантинот во којшто многу од луѓето работеа од дома, просечниот работен ден е продолжен, а се зголеми и бројот на состаноци и испратени мејлови.

Според една студија што опфати над 20.000 компании во САД, Европа и Блискиот Исток, дигиталната комуникација меѓу вработените значи и повеќе работа.

По карантинот, работниот ден траел 48,5 минути подолго во однос на претходниот период, бројот на состаноци е зголемен за 13%, а луѓето испраќале 1,4 мејлови повеќе на дневна основа.

Друга анализа покажала дека Американците работеле и до три часа повеќе, а исто така, работеле и во периоди од денот и ноќта што не се дел од работното време, пренесува Блумберг.

Фото: Freepik