Работилница за проектот за консолидација на земјоделското земјиште

15

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, денеска во своите простории ќе одржи работилница за проектот Поддршка на националната програма за консолидација на земјоделско земјиште, што се остварува во соработка со Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Основна цел на проектот е започнување на активностите на политиките за консолидација на земјоделското земјиште и зголемување на капацитетот на Министерството за имплементација на проектите за консолидација.

Работилницата ќе ја отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков.