Работилница за зајакнување на засегнатите страни во руралните средини и ЛЕАДЕР пристапот

21

Зајакнување на засегнатите страни во руралните средини и ЛЕАДЕР пристапот, е темата на дводневната работилница со која преставници од Мрежата за рурален развој, постојаната работна група за рурален развој од повеќе држави од Европа, ја реализираат со жителите на кумановското село Режановце.

Мрежата за рурален развој и Постојаната работна група (СЊГ) за рурален развој од земјите во Западен Балкан и ПРЕПАРЕ партнерство за рурална Европа се организатори, а проектот е финансиран од Technical Assistance Information Exchange, како и поддршка на Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство.

“Целта на овие работилници и посети кои освен Режановце, опфатија и села од битолско, неготинско, крушевско, е да поразговараме со жителите и да ги информираме дека заеднички жителите, невладините организации, локалните власти и администрацијата може да размислуваат во насока за решавање на проблемите. Овие чинители треба да ги постават локалните прироритети кои ќе го подобрат квалитетот на животот во руралните средини”, вели Весела Ламбевска Домазетива од Мрежата за рурален развој.
Таа објасни дека на завршна конференција на осми април, годинава во Брисел ќе бидат презентирани впечатоците и заклучоците од работилницата
Целта на посетите е да се подигне свеста кај заинтересираните страни за руралниот развој, посебно на локалните акциски групи, можностите и начините за вклучување и соработка со релевантните политики и донесување на одлуки на национално ниво, објаснуваат надлежните.
Марина Бракалова од Европската Мрежа за рурален развој, објасни дека одржани се и средби со претприемачите и фармерите од руралните средини кои се обидуваат да развијат одредени бизниси со цел да ги зголемат приходите на локалното населние.
“Со жителите разговараме за можностите кои ги нудат руралните средини за развој на бизниси, дел од младите се заинтересирани за перспективи надвор од селата, а увидовме дека постојат можности да се работи во селата и да се развијат бизниси. Фармерство, руралните бизниси се иднина за многу европски држави, она што е потребно е да се ризикува и да се сака да се биде претприемач и да се живее различно од урбаните заедници. Разговараме со локалните власти, надлежните министерства како можеме да им помогнеме и кои услуги им се потребни, на пример паркови, центри за поддршка, градинки кои што ќе ги задржат семејствата во срединитеи да им помогнат во развојот на бизнисот”, вели Бракалова.