Работна верзија на стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија за периодот до 2035 година

25

Во Стопанската комора на Македонија, а во организација на Македонската енергетска асоцијација, денеска ќе се одржи расправа на тема – Работна верзија на стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија за периодот до 2035 година.

Стратегијата за развој на енергетиката ја изработи Македонската академија на науките и уметностите, со техничка помош обезбедена од УСАИД за потребите на Министерството за економија.

Стратегијата ќе ја презентира претставник од Министерството за економија.