Работник доби стан на подарок од своите газди

157

Во време на пандемија, кога многу работници остануваат без работа, еден работник од Лесковац (Србија) на својот роденден добил неочекуван подарок од својот работодавач.

Станува збор за стан којшто е подарок од приватна фирма за неговиот 20-годишен труд, пренесува Jugmedia.rs.

Компанијата Метла Комерц од Лесковац е во сопственост на двајца браќа, а среќникот е 43-годишниот Иван Јовановиќ. Тие го презеле бизнисот од нивниот татко што го основал во 1990-та година.

“Верувајте ми, уште мислам дека сонувам. Бев збунет и во таков шок сум што буквално занемев“, вели Јовановиќ.

Инаку, Јовановиќ е од селото Винарци, каде во релативно нова куќа живее со сопругата и двете ќерки, а станот го добива не затоа што е материјално загрозен, туку само за напорниот труд што го вложувал во компанијата во изминатите 20 години.

Фото: Freepik