Акционерското друштво Раде Кончар – Апаратна техника во период од први јануари до 31-ви март, работеше со добивка од 2.070.000 денари, покажува неревидираниот консолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.
Во истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 5.062.000 денари.
Вкупните приходи од продажба на Раде Кончар – Апаратна техника се 48.639.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 18.825.000 денари, додека поголемиот дел од 29.814.000 денари се реализирани на странски пазари.