Раде Кончар апаратна техника за шест месеци прокнижи добивка од четири милиони денари

43

rade-koncar-aparatna-tehnika

Раде Кончар апаратна техника од први јануари до 30-ти јуни оваа година работеше со добивка од 4.071.000 денари, покажува неревидираниот консолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.

Првото полугодие лани за компанијата заврши со добивка од 1.709.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите шест месеци од 2016 година беа 115.487.00 денари. На домашен пазар отпаѓаат 72.913.000 денари, додека на пазари во странство се реализирани 42.574.000 денари.