Рамстор ќе инвестира два милиони евра за нов модерен изглед и внатрешен концепт

47

Giris -

Рамстор Мол на почетокот на следната година ќе добие нов модерен изглед и внатрешен концепт. Според правците и трендовите на основа на кои се конципирани светските трговските центри, а во насока на постојаното подобрување на услугите и грижата на своите купувачи, менаџментот на Рамстор донесе одлука да инвестира во подобрување на функционалноста и изгледот на трговскиот. Реновирање и структурално преуредување на единствениот затворен трговски во строгиот центар на градот започнува оваа недела и ќе трае до крајот на декември.

“Главна причина да се одлучиме на оваа инвестиција се нашите лојални посетители и купувачи за кои постојано се грижиме. Со новиот концепт, моментите поминати во Рамстор Мол да им ги претвориме во вистинско уживање. По целосното реновирање на маркетот, од оваа недела започнавме и со реконструкција на внатрешниот, но и надворешниот дел на трговскиот. По завршувањето на градежните работи ќе биде подобрената флуктуација, амбиентот и осветлувањето, ќе има нови ресторани со отворени тераси, нови брендови, а преку новиот забавно – социјален дел ќе создадеме и вистинско уживање и игра за најмладите посетители на Рамстор”, вели Џеладин Џули, директор на Рамстор Мол.

Една од поголемите промени во трговскиот ќе биде отворањето на тераса на првиот кат, новата локација на делот за брза храна, отворањето на нови продавници и ресторани.

Сите градежни зафати ќе се одвиваат по официјалното работно време на трговскиот, односно во вечерните часови и со тоа ќе им се овожможи на потрошувачите непрекинато да купуваат и уживаат во нивниот омилен Рамстор Мол.

Ова е најголемиот проект кој ќе го реализира трговскиот од неговото отворање во 2005 година. За целосното реновирање на надворешната и внатрешна инфраструктура и преуредувањето задолжени ќе бидат домашни компании. Вкупната инвестиција за реновирањето е два милиони евра.